„Враќањето на Серхио Рамос е решение за сите проблеми во Реал Мадрид!“

Реал Мадрид плати висока цена за вчерашната победа над Осасуна (4-0), откако се повредија тројца фудбалери на овој тим - Милитао, Васкез и Родриго.

Најсериозна е повредата на Едер Милитао, кој по вторпат во две години ги скина лигаментите на коленото и ја заврши сезоната. Со оглед што подолго време надвор од теренот е и Давид Алаба, а Чуамени, кој минатата сезона играше и како дефанзивец, е исто така недостапен, тренерот Карло Анчелоти се соочува со голем предизвик во составувањето на одбранбената линија.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Гути, смета дека единственото решение е клубот да го врати Серхио Рамос, кој е слободен играч и би можел веднаш да се приклучи на тимот.

„Треба да го вратат Рамос, тоа е најдобрата опција во моментов. Тој е без клуб, но постојано се грижи за својата физичка подготвеност. Тоа е човек кој е легенда на Реал Мадрид, кој знае што значи да се носи овој дрес и кој би помогнал во оваа ситуација. Само погледнете го лицето на Анчелоти и покрај победата, јасно се гледа колку е загрижен“, рече Гути.

Реал Мадрид по само 12 кола како второпласиран на табелата во Ла Лига веќе има шест бода помалку во однос на сезонава фантастичната Барселона.