Волфсбург ја запре победничката низа на Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд го запиша петтиот пораз ова сезона во Бундеслигата откако вечерва од нив подобар беше Волфсбург со 2-0.

„Милионерите“ беа за нијанса подобар противник на дуелот, но по само шест минути ги шокира Ван де Вен кој погоди за предност од 1-0, а и покрај сите напори да се стигне до израмнување Дортмунд, сепак, не успеа во намерата. Триумфот за Волфсбург го потврди Нмека во втората минута од судиското надополнување.

Волфсбург со денешниот триумф се искачи на осмата позиција и има 20 бодови, додека Дортмунд остана на четвртото место со 25 бода.