Во ПСЖ се презадоволни од работата на Луис Енрике, му подготвиле нов договор

Според француските медиуми, Луис Енрике наскоро треба да потпише нов договор со ПСЖ.

Раководството на клубот е презадоволно од работата на Шпанецот, тој бил комплетно инволвиран во трансфер планот ова лето.

ПСЖ одлично ја почна сезоната во Лига 1, победуваат лесно и покрај заминувањето на Мбапе.

Актуелниот договор на Луис Енрике истекува во јуни 2025 година, но ако се оди според планот наскоро ќе потпише продолжување на соработката.