Во ПСЖ не е идеално: Жестока расправија на Нејмар и Паредес (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа беше поразен со 2-1 на гостувањето кај Манчестер сити. Премиерлигашот покажа дека тимскиот фудбал носи подобар резултат, отколку индивидуалниот квалитет на францускиот ѕвезден состав. 

 Тренерот Маурисио Покетино има сериозен проблем во тимот, бидејќи напашачкото трио Нејмар, Килијан Мбапе и Лионел Меси не трча премногу кога ПСЖ се брани. Во еден момент синоќа на „Етихад“ во финишот на првото полувреме, Леандро Паредес му забележа на Нејмар за неговото солирање и обидот веднаш да тргне напред кон противничката половина.

Бразилецот не остана должен, па следуваше расправија помеѓу двајцата, а Покетино само ја наведна главата крај аут-линијата.