Во Барса им олесна - Левандовски не е потешко повреден

Иако доби удар од хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ, полскиот напаѓач Роберт Левандовски нема повреда и здрав се врати на своите обврски во Барселона.

На каталонскиот тим му претстои тежок период бидејќи идната недела се соочува со Баерн и Реал Мадрид, а во текот на викендот ја пречекува Севиља. Сепак, по се изгледа Левандовски ќе добие поштеда на тој меч со цел да биде подготвен за многу поважните и потешки дуели кои претстојат.

В сабота се враќаат тројц фудбалери во тимот, Дани Олмо, Фермин Лопез и Гави, но исто така е веројатно дека ќе одмора Ламин Јамал кој порано го напушти кампот на шпанската репрезентација поради замор.