
Влаховиќ ќе седи цела сезона на трибини само за да земе 12 милиони евра од Јувентус
Јувентус сака да го продаде Влаховиќ за да се ослободи од платата од 12 милиони евра, откако претходно Србинот одби да потпише нов договор со помала плата (осум милиони евра), но очигледно ќе има проблеми да го реализира планот.
Влаховиќ наводно бил подготвен да остане во тимот од Торино до крајот на договорот, па дури и по цена да седи на трибини само за да ги земе парите од последната година од договорот.
Србинот се поврзуваше со неколку екипи, меѓу кои беше и Милан, меѓутоа засега нема напредок во преговорите.
Фото: Facebook/Juventus