Влаховиќ има љубовни проблеми, затоа цел месец не може да даде гол

Долгиот пост на Душан Влаховиќ кога станува збор за головите ги разгоре страстите во Италија и на сметка на српскиот напаѓач постојано стигнуваат критики од сите страни.

Последен кој удри на него е торинскиот весник Тутуспорт кој тврди дека причина за лошите на Србинот се љубовни проблеми.

„Неговата врска со Вања Богдановиќ е во криза и не е исклучено тие двајца да се разделиле. Центарфорот на Јувентус ги избришал сите фотографии со неа“, пишува весникот кој е добро запознат со приликите во Јувентус.

Влаховиќ оваа сезона има само два постигнати гола, двата против Верона на 26 август што значи дека веќе еден месец не успева да се запише во листата на стрелците. Освен тоа, тој не игра ни за српската репрезентација и не е на списокот на селекторот Стојковиќ за претстојните натпревари во Лигата на нации.