Вест хем го освои „Гудисон парк“ за нови три бода (ВИДЕО)

Вест хем славеше против Евертон со 1-0 во рамки на осмото коло од англиската Премиерлига и така го прескокна ривалот на шестата позиција на табелата.

И на двете страни имаше по неколку добри шанси, но одбраната беше на врвно ниво, па мрежите мируваа сѐ до 74. минута кога Огбона го постигна единствениот гол на мечот за триумф од 1-0 на гостите.

Вест хем е шестопласиран во Премиерлигата со 14 бодови, колку што имаат Манчестер јунајтед и Евертон.