Вест Хем ги распарчи „волците“ со 4-0 (ВИДЕО)

Вест Хем славеше со убедливи 4-0 против Вулверхемптон во рамки на 3.коло во Премиерлигата. 

„Чеканите“ одигра фантастичен натпревар и ја запишаа првата победа сезонава. Џерод Боуен погоди во 17-тата минута за 1-0, а истиот играч погоди и во 57-та за да го зголеми водството. Раул Хименез си постигна автогол во 66-тата минута, а точка на победата за Вест Хем стави Себастијан Алер во третата минута од судиското продолжение.

За Вулверхемптон ова е најубедлив пораз во Премиерлигата уште од март 2012 година, кога загуби со 5-0 од Манчестер јунајтед.