Вердер Бремен го реши Келн и го остави во опасната зона

Келн имаше добар почеток на гостувањето кај Вердер Бремен, меѓутоа на крајот остана со празни раце затоа што загуби со 1-2 во петтото коло во Бундеслигата.

Гостинскиот тим го презема водството во 31. минута, но набрзо Боре израмни на 1-1 и го најави пресвртот на Вердер.

Џастин Њинма влезе во игра во 66. минута, а само една минута подоцна ги шокира „јарците“ и погоди за триумф од 2-1.

Вердер има шест бодови на 10. место на табелата, додека Келн останува на 16. позиција со еден бод.