Верати сака да се врати во Европа и да се проба во Премиерлигата!

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Марко Верати сака да го напушти Катар и да се врати во Европа, овојпат во Премиерлигата.

Марко Верати во 2012 година од Пескара со која тогаш играше во Серија Б, направи трансфер во ПСЖ и таму остана дури 11 години. Во 2023 година се пресели во Ал-Араби од Катар.

32-годишниот италијански фудбалер сега сака да му се врати на европскиот фудбал и пак да игра на највисоко ниво.

Интерес за него има од неколку Премиерлигата, се споменуваат Борнмут, Фулам и Вест Хем.