Венгер не се враќа како тренер: Французинот има нова работа

Арсен Венгер откако си замина од кормилото на Арсенал во јуни 2018 година во неколку наврати се појавуваше на „БеинСпортс“ како стручен аналитичар на натпреварите од Лигата на шампионите. 

Тој и во скоро време ќе остане надвор од тренерските води, бидејќи прифатил да работи во Светската куќа на фудбалот, ФИФА, пишува „Њујорк Тајмс“. Венгер би требало да биде поставен за технички директор, но засега не е јасно на точно која позиција.

Според информациите на „Њујорк тајмс“, Французинот би требало да биде советник за унапредување на тренерските техники и програми во фудбалот. Во штабот на ФИФА има неколку слободни места, бидејќи пред извесно време си заминаа легенди како Марко ван Бастен и Звонимир Бобан.