Вардаровиот центарфор Колевски потпиша за Кливленд стејт

Македонскиот фудбалер Бојан Колевски денеска потпиша договор со екипата на Кливленд стејт, па ќе се натпреварува во Хоризон лигата, која е втора по ранг во американскиот фудбал веднаш зад МЛС-лигата.

Колевски добива голем предизвик во кариерата, па ќе му се приклучи на тимот на Кливленд, откако остана без договор со Вардар пред неколку недели.

Поранешниот центарфор на Вардар во кариерата настапуваше уште и за Борец од Велес, како и за Металург.

Бојан Колевски официјално го потпиша договорот со Cleveland State Men's Soccer каде ќе се натпрeварува во Horizon League...

Posted by AB 9 Sport Management & Consulting on Saturday, October 31, 2020