ВАР му поништи гол на Несторовски, Фиорентина го совлада Удинезе (ВИДЕО)

Фиорентина успеа да ја запише третата победа по ред во италијанскиот шампионат, откако на домашен терен славеше против Удинезе со 1-0, а македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна гол за неговата екипа, но истиот му беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.

Удинезе успеа да ја затресе мрежата на домаќините преку Несторовски, но главниот судија го поништи голот, откако пред да стигне топката до македонскиот напаѓач, еден од фудбалерите на гостите играл со рака.

Во второто полувреме стигна казната и тоа преку Никола Миленковиќ, кој во 72. минута ги постави конечните 1-0.

Фиорентина има 11 бода по шест одиграни кола, додека Удинезе е на 14. место со седум бодови.