Валверде емотивно се прости од Барселона: Ова беа две напорни сезони!

Ернесто Валверде вчера доби отказ од клупата на Барселона, а наместо него екипата ќе ја предводи Кике Сетиен.

Управата на каталонскиот гигант вчера одржа состанок со Валверде и донесоа одлука да го заменат од тренерското столче.

Валверде утрово се појави пред тренингот на Барселона и се прости со играчите на тимот, а потоа објави и писмо во кое се заблагодари на фудбалерите и управата.

„Мојата кариера во Барселона е завршена. Ова беа две напорни сезони. Во текот на престојот бев среќен, победувавме и освоивме две титули во Ла Лига, но поминавме и низ тешки моменти. Сакам да ја истакнам посветеноста која ја чувствував во Барселона. Сакам да му се заблагодарам на Бартомеу и управата за довербата. Би сакал, секако, да се заблагодарам и на фудбалерите за трудот и за тоа што овозможија заедно да кренеме четири трофеи. Сега ви посакувам среќа на вас, како и на новиот тренер Сетиен. Да живее Барселона и Каталонија“, порача Валверде.