Валенсија го совлада Еспањол, Столе повторно бранеше во Ла Лига

Фудбалерите на Валенсија триумфираа со 3-2 против Еспањол во 21. коло од шпанската Ла Лига, а македонскиот голман Столе Димитриевски повторно беше на голот.

Уго Дуро погоди за предност од 1-0 на Валенсија, додека Еспањол израмни преку Рамон Терас во 55. минута.

Валенсија набрзо преку Ерај Комер успеа да се врати во предност (2-1), но потоа еден незгоден удар и одбиена топка заврши во мрежата на Димитриевски во 80. минута (2-2).

Победничкиот гол за „лилјаците“ го постигна Рамазани од пенал во 94. минута, со што донесе големи три бодови за Валенсија.

Фото: Valencia FC/Facebook