Вајналдум излезе од базен во дрес на Рома (ВИДЕО)

Жозе Мурињо доби уште едно засилување за следната сезона, откако Жоржињо Вајналдум потпиша за Рома, а италијанскиот клуб преку социјалните мрежи го претстави на интересен начин.

Вајналдум излезе од базен во дрес на Рома, па таква промоција досега не беше забележана во текот на летово, но и во претхоните трансфер-периоди.

Мурињо претходно ги доби Немања Матиќ од Манчестер јунајтед и Пауло Дибала од Јувентус, па има солиден тим со кој ќе се вклучи во борбата за врвот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by AS Roma (@officialasroma)