Утка на сезоната: Вернер е мало дете во промашување зицери за напаѓачот на Херта (ВИДЕО)

Ако мислевте дека тоа што во последно време го промашува Тимо Вернер, меѓу што е и зицерот во пресметката на Македонија против Германија, треба да ја погледнете утката на напаѓачот на Херта, Кшиштоф Пјонтек.

Полскиот интернационалец промаши од невозможна позиција за промашување, буквално од помалку од еден метар од гол-линијата на Мајнц. Тој доби фантастична асистенции, но се збуни, како самиот да си направи сопка и топката наместо во мрежата заврши во гол-аут.

Средбата заврши со резултат 1-1, по што Херта остана претпоследна на табелата, па може да се случи промашувањето на Пјонтек да го чини клубот од Берлин и испаѓање од Бундеслигата.