Ултрасите со порака: Имаме сон во срцето, Наполи ќе биде шампион! (ВИДЕО)

Јувентус и Наполи вечерва од 20.45 го играат натпреварот на сезоната во 34. коло од италијанската Серија А. „Старата дама“ е лидер и има четири бода повеќе од својот ривал, кој има голем мотив и ќе се обиде да ја намали разликата на табелата на само еден бод.

Фудбалерите на „бјанконерите“ се блиску до седмата титула по ред, па со победа против својот конкурент од Неапол, би можеле предвреме да ја прослават титулата.

Но целиот италијански југ „диши“ за Наполи, па така навивачите ги испратија своите играчи во голема битка, а притоа направија неверојатна атмосфера на улиците.

„Имаме сон во срцето. Наполи повторно ќе биде шампион“, се слушаше на улиците.

Ниту малку едноставна мисија не го очекува составот на Маурицио Сари, зашто Јувентус нема изгубено во последните 20 натпревари во Серија А (17 победи и три реми), а на домашен терен има девет победи во последните 11 средби. Исто така, „старата дама“ во домашните антпревари има седум победи по ред, со гол разлика од брилијантни 19-1.

Последен пат, кога Наполи победи во Торино беше далечната 2009. година. Најпрво имаа негатива од 2-0 до 59. минута, но потоа направија целосен пресврт за историска победа против Јувентус.