УЕФА потврди: Лигата на шампиони ќе му оддаде почит на Емилијано Сала

Натпреварите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа неделава ќе започнат со минута молчење во чест на Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа. 

Фудбалерот на Нант, беше на пат од Нант кон Кардиф по трансферот од 15 милиони евра, кога на 21 јануари неговиот авион се сруши во каналот Ла Манш.

Натпреварите во Лига 1 изминатиот викенд започнаа со минута молчење во чест на Сала, а истото ќе продолжи овие три дена во натпреварите организирани од УЕФА.