Учителот го надмудри ученикот: Сити го доби дербито против Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше на „Итихад“ со 1-0 против Арсенал, во меч каде што се соочија поранешните соработници Пеп Гвардиола и Микел Артета.

Поискусниот тренер успеа да го надмудри помладиот колега, а мечот беше решен со само еден погодок, и тоа во 23. минута кога Рахим Стерлинг ги постави конечните 1-0.

Арсенал не се откажа од мечот, па создаде неколку шанси кон голот на „граѓаните“, сепак нивната мрежа остана да мирува до крајот на натпреварот.

Манчестер сити по четири одиграни меча има седум бодови, додека Арсенал по пет натпревари има девет бодови.