
Тухел притиска за стоперот на Барселона, „каталонците“ не сакаат да слушнат
Каталонски медиуми тврдат дека лично Тухел работи на трансферот и наводно веќе му се јавил на уругвајскиот репрезентативец, но со оглед на тоа што тој има договор со Барса до 2026 година, последниот збор во секој случај ќе го има шпанскиот шампион. Оттаму не сакаат да слушнат за трансфер, а за тоа веќе и преземаат мерки.
Наводно, на почетокот од 2026 година на Араухо ќе му биде понуден нов договор со цел да биде задржан во Барселона и да не ни мисли на заминување. Се разбира, новиот договор ќе биде со подобрени финансиски услови, а откупната клаузула ќе остане една милијарда евра.