Трката за титула сè уште е жива: Арсенал го расплака Ливерпул (ВИДЕО)

Лондонскиот гигант Арсенал славеше против вечниот ривал Ливерпул со 3-1 на „Емирати“ во 23. коло од англиската Премиерлига и така се врати во трката за титулата.

Букајо Сака во 14. минута го матира Алисон за водство од 1-0, а Ливерпул до израмнување стигна дури во судиското надополнување на првиот дел со автоголот на Габриел.

Габриел Мартинели во 67. минута искористи едно недоразбирање меѓу Вирџил Ван Дајк и Алисон кој ја промаши топката и му дозволи на ривалот да ја затресе неговата мрежа (2-1).

Победата на „топчиите“ ја запечати Леандро Тросар, кој го матира Алисон за славје на Арсенал и триумф од 3-1.

Ливерпул остана прв со 51 бод, по што следи Арсенал со 49, а Манчестер сити има 46, но и два меча помалку одиграно од конкурентите за пехарот.