Тричковски ја продолжи серијата - му даде гол на Анортозис! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски игра одлично во дресот на АЕК Ларнака, па така и денеска постигна гол против Анортозис, а тоа е осми гол за нашиот фудбалер по седум одиграни кола во кипарскиот шампионат.

Тричковски го отвори резултатот на натпреварот по 35 минути игра, и тоа со удар од белата точка.