
Трапановски се сели во Данди - ќе потпише двегодишен договор!
Данди му понудил соработка на Трапановски до 2026 година, со опција истата да биде продолжена на уште една сезона, односно до 2027 година.
Трансферот на македонскиот играч е веќе договорен, а веќе се закажани и медицински прегледи, но треба да биде издадена и работна дозвола за Македонецот.
Трапановски се сели во Шкотска како слободен играч, откако претходно го напушти поранешниот македонски шампион Шкупи.