Трабзонспор го загуби дербито со Галатасарај, Барди одигра 20 минути

Галатасарај вечерва славеше со 2-1 во турското дерби против Трабзонспор, а македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 20 минути.

Трабзонспор постигна гол во првата минута преку Гомез, меѓутоа Галатасарај израмни преку Мертенс во 18. минута.

Аргентинскиот напаѓач Икарди во 53. минута беше стрелец на вториот гол против Трабзонспор, кој се покажа како решавачки на крајот од средбата.

Барди влезе во игра во 80. минута, меѓутоа не успеа да им помогне на колегите да се спасат од пораз, иако имаше и големо судиско надополнување.

Галатасарај е прв на табелата во турската Суперлига со 54 бодови, додека Трабзонспор е шести со 38 бода.