Тотнем доцна „запали“, Астон Вила оди понатаму во ФА Купот (ВИДЕО)

Астон Вила ја искористи предноста на домашен терен и со 2-1 го победи Тотнем за пласман во следното коло од ФА Купот.

Резултатот беше отворен по само неколку секунди игра, Ремзи даде гол за водство на Астон Вила од 1-0.

Тој резултат беше актуелен се до 64. минута кога Роџерс го зголеми водството на домаќините на 2-0.

Тотнем доцна се разбори, со деби гол на Тел намалија во 91. минута, но немаше време за да се избегне овој пораз кој значеше елиминација од купот.

Првите минути за Астон Вила ги одигра Рашфорд.

https://sport1.mk/fudbal/ligi/totnem-docna-zapali-aston-vila-odi-ponatamu-vo-fa-kupot-video