Торино ја испадна Парма, ама и најверојатно и си обезбеди – опстанок (ВИДЕО)

Фудбалерите на Торино ја остварија зацртаната цел и со еден постигнат гол дојдоа до злато вредна победа во вечерашната пресметка со Парма (1-0) во последниот меч од 34. коло од Серија А.

Стрелец на победничкиот гол беше косовскиот интернационалец Мергим Војвода, за кого ова беше и прв погодок во кариерата во италијанската елита. Победата на домашниот тим беше наполно заслужена, со оглед на неколкуте одлични шанси, една пречка и поништен гол на Белоти.

Торино сега е на 15. позиција на табелата со 34 бодови, три повеќе од Беневенто кој е прв под линијата за испаѓање и тоа со натпревар помалку. Парма пак веќе и теоретски е во Серија Б со 12 бодови помалку од зоната за спас со четири натпревари останати за играње.