Тен Хаг: Верувајте, Рашфорд може да постигнува гол на секој натпревар!

Маркус Рашфорд е мета на критики од фановите поради лошата форма во која се наоѓа, поддршка за него стигна од тренерот, Ерик Тен Хаг.

По седум одиграни кола во Премиерлигата, Маркус Рашфорд има дадено еден гол, има и една асистенција. Тоа не е соодветно на очекувањата на навивачите на Јунајтед, па почнаа со критики кон својот фудбалер.

„Ако Маркус работи напорно и инвестира секој ден, со вистински фокус и ако тимот околу него го храни со топки и му помага со движења, тогаш ќе дојдат головите. Рашфорд е момче кое може да постигнува гол на секој еден натпревар, верувајте ми“, вели Тен Хаг.