Тен Хаг се смири со Санчо: Секој може да направи грешка во животот

Џејдон Санчо минатата сезона беше на позајмица во Борусија Дортмунд, откако го напушти Манчестер јунајтед поради караницата со тренерот Ерик Тен Хаг, меѓутоа сега ситуацијата на „Олд Трафорд“ е далеку поразлична.

Санчо имаше разговор со Тен Хаг по враќањето од Дортмунд, при што решиле да си подадат рака и да ги смират страстите по драмата на „Олд Трафорд“.

„Зборував со Санчо, секој може да направи грешка во животот. Тоа е веќе минато, а на Јунајтед му требаат добри играчи. Џејдон е многу добар фудбалер. Се надевам дека ќе ни помогне во остварување на целите“, кажа Санчо.