Тен Хаг: Роналдо не ми кажал дека сака да си оди од Манчестер

Манчестер јунајтед ќе го пречека Брентфорд од 18.30 часот во второто коло од Премиерлигата, а тренерот Ерик Тен Хаг се надева на првата победа во англискиот шампионат.

Тен Хаг доби прашање од новинарите дали Кристијано Роналдо ќе остане во клубот оваа сезона, по големиот број шпекулации дека не е задоволен и сака да замине од Јунајтед.

„Роналдо да си замина? Тоа е ваша претпоставка, а не тоа што Роналдо ми го кажа. Работам со фудбалери кои ми се располагање, планираме да продолжиме со него оваа сезона, мора да го вклопиме во тимот“, кажа Тен Хаг.