Тен Хаг: Јас сум човек кој ќе го врати Јунајтед на врвот

Манчестер јунајтед имаше лош почеток на сезоната во Премиерлигата, откако загуби со 1-2 од Брајтон во првото коло, но тренерот Ерик Тен Хаг не губи надеж и се надева дека ќе го врати тимот на врвот.

Тен Хаг побара нови засилувања од раководството на премиерлигашот, по што кажа дека ќе почне да освојува титули со Јунајтед, но за тоа ќе биде потребно време.

„Ако бидам тренер четири години, сигурен сум дека ќе имаме барем една титула. Не можам да барам трпение од навивачите, но се надевам дека ќе имаат разбирање, зашто сакаат победнички тим и јас за тоа сум тука. Меѓутоа за такво нешто е потребно време“, кажа Тен Хаг.

Оваа изјава на Тен Хаг е идентична на таа на Јирген Клоп кога седна на кормилото на Ливерпул, кој имаше трпение и освои неколку титули во претходните години.