Тебас отфрли воведување на гол-технологија во Шпанија - не се исплаќа!

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Хавиер Тебас вели дека гол-технологијата е скапа и не се исплати да биде воведена за неколку ситуации во текот на сезоната.

На последното Ел Класико се случи голем скандал за кој уште се зборува, дали при шутот на Ламина Јамал топката ја мина гол линијата или не.

Судијата не досуди погодок, а од таборот на Барселона се уверени дека тоа беше гол до степен што најавија жалба на суд.

За разлика од Англија и Италија, во Шпанија нема гол-технологија, а според Тебас, нема ни да има.

„Тоа не е перфектна технологија, тоа е првата причина. Но не е само тоа, во текот на сезоната такви ситуација има три или четири и ако на тоа се додаде дека технологијата не е перфектна, вредноста која треба да се плати е многу голема. Треба да се инвестираат пет или шест милиони евра за да се воведе. Тоа што можеме да го направиме е да имплементираме уште повеќе камери кои ќе им помогнат на судиите“, рече Тебас.