Талент на Арсенал му даде дури десет гола на - Ливерпул (ВИДЕО)

Големиот талент на екипата на Арсенал, Чидо Оби-Мартин, речиси преку ноќ стана познат во цела Велика Британија, откако во саботата постигна дури 10 гола во убедливата победа на составот на „топчиите“ до 16 година против големиот ривал Ливерпул (14-3).

Тој има само 15 години, а веќе дебитираше и во младинската Лига на шампионите, каде што настапуваат тимови за фудбалери до 19 години.

Оби-Мартин настапува за репрезентацијата на Данска, поточно за У-17 селекцијата за кога веќе има постигнато седум погодоци во девет меча, иако настапува со две години повозрасни противници.