Сусо побарал трансфер од Милан: Следна дестинација - Рома

Сусо сезонава игра во очајна форма, како и поголемиот дел од фудбалерите на Милан. Со оглед на фактот дека Шпанецот важи за најдобриот фудбалер во таборот на „росонерите“ неговиот ефект е разочарувачки. 

На последниот натпревар тренерот Стефано Пиоли испроба формација 4-4-2 со Златан Ибрахимовиќ и Рафаел Леао во нападот, а на местото на Сусо на десната страна во средниот ред играше Саму Кастилјехо.

Милан играше одлично, па по натпреварот на Сусо му било соопштено дека повеќе нема да биде стартер. Шпанецот веднаш го алармирал неговиот агент Мино Рајола, кој веќе на големо преговара со неколку екипи. Се чини дека најблизу до неговиот потпис е Рома, која е подготвена да плати 25 милиони евра.

„Росонерите“ со овие пари најверојатно ќе тргнат по Матео Политано од Интер, кој го загуби статусот првотимец по доаѓањето на Антонио Конте на клупата.