„Суперлигата е волкот кој се претворил во бабата за да ја изеде – црвенкапа“

Откако Суперлигата доби ветер во грб со одлука на шпанскиот суд дека УЕФА и ФИФА не смеат да преземаат никакви чекори за да го урнат проектот, а веќе се појавија информации дека се преговара со 50-на клубови и дека се прави формат со дивизии со 60 до 80 клубови, еден од најжестоките критичари Хавиер Тебас повторно жестоко распали по „сепаратистите“

Суперлигата ја водат Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, а компанијата А22 веќе преговара со сите заинтересирани кои сакаат да влезат во проектот, иако првиот обид за отцепување во април 2021 година беше неуспешен и издржа само 48 часа од објавата дека гигантите ќе прават самостојно натпреварување.

„Суперлигата е волкот од црвенкапа. Сега претворен во бабата и сака да го измами целиот европски фудбал – да ја изеде црвенкапа. Ама, носот и забите му се толку големи што лесно е да се открие. Четири дивизии? Нормално, првата дивизија е за нив (за големите – н.з.), за најбогатите. Еднакви права на одлучивање? Секако, само кај најбогатите“, објави Тебас.