Студен туш за Ливерпул: Алонсо си заминува од Леверкузен, ама ќе остане во Германија!
Шпанскиот менаџер следното лето дефинитивно ќе го напушти Баер Леверкузен, со кој во моментов граби кон титулата во Бундеслигата, но нема да се врати на „Енфилд“ каде што настапуваше како фудбалер, туку ќе остане во Германија. Според германските медиуми, Алонсо од следната сезона ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, кој веќе ја прекина соработката со Томас Тухел.
Баварците се подготвени да ја платат откупната клаузула за Алонсо во износ од изнесува 25 милиони евра, а на Шпанецот да му понудатгодишна плата од 20 милиони евра.