Стрелците заспаа: Поставен е неславен рекорд во Серија А

Седмиот круг од новата сезона во Серија А ќе остане запамтен по неславниот рекорд што е поставен на десетте натпревари.

Постигнати се вкупно 11 гола, со што е надминато досегашното најлошо достигнување, а кое изнесуваше 13 и е остварени три пати: во деветтото коло во сезоната 2010/11, во 32. коло во 2017/18 и во второто во 2022/23. Дури четири натпревари завршија без да се затресе мрежата (0-0), а најрасположени беа фудбалерите на Милан и Фиорентина кои на меѓусебниот дуел постигнаа три гола што е повеќе од четвртина од вкупниот број во ова коло.

Сепак и покрај слабата ефикасност, ова не е неславен рекорд во европски рамки, па дури не е ни во топ-3. Во 14. коло од сезоната 2001/02 во Премиер лигата биле постигнати 10 гола, во 19. коло од сезоната 2006/07 во Ла Лига имало девет, а истата кампања, во 32. коло од француската Лига 1 е поставен антирекордот кој изнесува само 8 гола, а при што дури шест натпревари завршиле 0-0.

Сите овие бројки важат за првенства со 20 екипи, односно со 10 натпревари по коло.