Ѓоковиќ и Роналдо на таен состанок во Ријад (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ минатата недела престојуваше во Ријад каде безмалку три години живее и игра португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Освен тоа што учествуваше на егзибицискиот турнир „6 Крала“, Ѓоковиќ најде време да се сретне и со Роналдо со кого одамна се познава и може да се каже дека има добра комуникација. Средбата била тајна, без присуство на новинари или официјални лица на турнирот, но некој успеал да ги фотографира додека заедно седат со членови на своите тимови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Reketiranje (@reket.iranje)

Засега нема официјална информација за што станувало збор на средбата, не е исклучено таа да била неформална, како „кафе“ меѓу пријатели, но имајќи ги предвид се почестите маркетиншки потфати и инвестиции на двајцата славни спортисти, како и фактот што нивните кариери се ближат кон крајот, можно е да имала и деловен карактер.