Столе со пантерски скок не дозволи мајсторски кол на Крос од слободен (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид одигра само нерешено на денешното гостување кај Рајо Валјекано (1-1), а еден од најголемите „виновници“ за тоа беше македонскиот голман во домашниот тим, Столе Димитриевски.

Тој можеби прими гол веќе во третата минути, но не по своја вина, за потоа да биде еден од хероите во значајното реми на неговиот тим. Македонецот прво во 60. минута умешно го спречи Хосело да не постигне втор гол, за дваесетина минути подоцна со пантерски скок да го одбрани фантастичниот шут на Тони Крос од слободен удар )види ТУКА).

Рајо Ваљекано стигна до 25 бода и останува на 14. место, додека Реал Мадрид и понатаму е лидер во Ла Лига, но сега со 61 бод, шест повеќе од Жирона, која има и меч помалку.