Стоечките аплаузи уште повеќе го расплакаа Меси (ВИДЕО)

Прес-конференцијата на Лионел Меси на „Камп Ноу“ беше многу емотивна, па никој не можеше да ги запре солзите, а најмногу тажен беше аргентинскиот фудбалер кој по две децении си заминува од клубот.

Меси на крајот на пресот доби стоечки аплаузи од присутните во салата и тие уште повеќе го расплакаа аргентинскиот репрезентативец и легенда на Барселона.