Стоечки овации за омилениот тренер: Раниери во солзи на последниoт меч во кариерата (ВИДЕО)
Италијанецот доби стоечки овации од навивачите на Калјари, но и од фудбалерите на теренот и судиите. Успеа да го спаси тимот од Сардинија од испаѓање што воедно е и негова последна фудбалска магија во кариерата.
На 72-годишна возраст, Раниери сега целосно ќе се повлече од фудбалот и ќе ужива во пензијата. За жал Калјари го загуби последниот сезонски натпревар и тоа со 2-3 од Фиорентина.
Claudio Ranieri was visibly emotional after receiving a standing ovation from the crowd, players, and referee before the final match of his managerial career.
— Football on TNT Sports (@footballontnt) May 23, 2024
The Premier League winner is set to retire from football 🥹❤️️
📺 @tntsports & @discoveryplusUK pic.twitter.com/od2uefHgOO
Раниери во својата неверојатна тренерска кариера водеше многу тимови како Фиорентина, Наполи, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челси, Интер, Рома, Монако и многу други, но секогаш ќе остане запаметен како предводник на најголемото чудо во англискиот фудбал, кога го предводеше Лестер сити до шампионската титула во сезоната 2015/2016.