Станковски остана без трансфер во Монца, но ќе потпише за Брага!?

Бисерот на Работнички, Лука Станковски имаше договорен трансфер во италијанскиот второлигаш Монца, но договорот пропадна, па сега „А Бола“ пишува дека македонскиот фудбалер би можел да го засили тимот на Брага.

Многу екипи беа заинтересирани за Станковски, а како можни дестинации се споменуваа тимовите на Фенербахче, Наполи, ПСВ Ајндховен, Динамо Загреб, Црвена Звезда и други, но очигледно младиот и талентиран фудбалер ќе се пресели во Португалија.

Станковски настапи на 30 меча во македонската Прва лига, а притоа постигна осум гола и шест асистенции за Работнички.