Србин го „ограбил“ Ливерпул - заработувал по 365.000 евра од натпревар!

Факт е дека сите клубови во својата историја имале по некое големо промашување кога се во прашање трансферите, а за Ливерпул едно од нив е српскиот фудбалер Лазар Марковиќ.

Марковиќ член на „црвените“ од 2014 до 2019 година, но за клубот од „Енфилд“ настапи само 34 пати. Тој беше на бројни позајмици, а пред крајот на договорот го откупи тимот на Фулам.

Во своето истражување, „Ливерпул Ечо“ откри дека Марковиќ буквално го ограбил тимот од „Енфилд“ за време на неговиот престој. Според нивните информации, клубот му платил на Марковиќ повеќе од десет милиони евра за пет години.

Тоа значи дека по натпревар Марковиќ зимал нереални 365.000 евра, па затоа, Ливерпул сигурно ќе остане во негово добро сеќавање, без оглед на тоа што не се изнаигра премногу.

Марковиќ пристигна на „Енфилд“ од Бенфика во трансфер вреден 20 милиони евра. Педесет проценти од трансферот заминале кај агентот Пино Захави, а остатокот во португалскиот клуб.

Лазар Марковиќ во моментов е играч на Партизан, тој исто така играше за Хал, Спортинг, Фенербахче, Андерлехт и Фулам и заработи добра сума пари во текот на својата кариера.