Срамота: Шпанската федерација го „избришала“ Касилјас од историските успеси на „фуријата“?!

Славниот шпански голман Икер Касилјас, легенда на Реал Мадрид кој поради срцев удар ја заврши кариерата во Порто го избришале од видеото што шпанската федерација го подготвила за осумгодишнината од одбраната на европското злато во Полска и Украина во 2012 година, како круна на невидената доминација на „фуријата“ започната со евротитула во 2008 и светска круна во 2010 година.

Касилјас воопшто не се појавува во видеото, иако беше стандарден голман, а причина е што влезе во битка со Луис Рубиалес, првиот човек на РФЕФ за фудбалската фотелја во шпанската федерација. Касилјас само инцидентно се појавува во видеото што го одбележува големиот успех.

„Не знам дали сум направил нешто лошо во националниот тим, ама ако имало такво нешто – се извинувам“, објавил Касилјас како рекација на објавата на федерацијата.

Шпанскиот голман е во ужасно лоши односи со Рубиалес, но се повлече од трката за претседателската функција. Зад Касилјас застана првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој побара Шпанија да му се извини на голманот.

„Историското Евро 2012 е изгравирано во срцата на милионите Шпанци и покрај тоа што федерацијата 'го заборави' Икер. Икер не треба ти да се извинуваш, шпанскиот фудбал на вас ви е должен“, објави Тебас.

Касилјас на Твитер објави фотографија од историскиот момент кога го крева пехарот како капитен на Евро 2012, кога беше одбранета европската титула.