Спотифај ќе биде спонзор на Барса – 340 милиони евра за пет години!

Ултрапопуларната мизички стриминг-сервис Спотифај, чиј газда Даниел Ек сакаше да го купи лондонски Арсенал и имаше два неуспешни обиди, е на чекор да стане главен зпонзор на каталонската гордост Барселона и да го замени Ракутен.

Како што објавуваат низа европски медиуми, пред сѐ од Каталонија, Спотифај треба да биде еден од двата џиновски спонзори на Барса, а според договорот за рекламата на предниот дел од дресот, овој гигант ќе плати вкупно 340 милиони евра во следните пет години.

Барселона која е во тешка финансиска состојба, бара начини за финансиски излез, па само од Спотифај им следуваат 68 милиони евра годишно, а планот е од двата главни спонзори да дојдат до 80-85 милиони евра од сезона што би значело и во финансискиот фер-плеј поголем буџет и помали „рестрикции“ околу пријавувањето на фудбалерите, проблем поради кој го загубија Лионел Меси.