Спектакл во Мадрид: Атлетико победува дури и кога има два гола негатива (ВИДЕО)

Уште еден спектакуларен меч на фудбалерите на Атлетико Мадрид, кои само четири дена по големата победа над Реал Мадрид дојдоа до уште еден домашен триумф и тоа пак на домашен терен, овој пат против Кадиз (3-2).

Успехот на „јорганџиите“ е посебен не поради квалитетот на ривалот, туку поради начинот на кој дојдоа до бодовите, со оглед што гостите по нецели половина час игра веќе имаа предност со два погодоци. Лукас Пирес во 12. минута и Марти во 27. минута донесоа шок за навивачите на Атлетикот, кои се уште беа во еуфорија по брилијантната игра на нивните миленици против „кралевите“.

Но, избраниците на тренерот Диего Симеоне брзо се освестија во шокот, па до крајот на првото полувреме преку Кореа во 32. минута ја намалија негатива, а во вториот дел од мечот го комплетираа целосниот пресврт. Молина изедначи само што почна второто полувреме, а Кореа со својот втор погодок во 66. минута го постави конечниот резултат.

Во вториот вечерашен дуел, Бетис убедливо ја совлада Валенсија (3-0). Атлетико Мадрид сега е четврти на табелата во Ла Лига со 16 бодови, но со меч помалку од ривалите, додека Бетис се искачи до седмото место со 12 бодови.