Специја немаше победа дома шест месеци, дојде Интер и - го суреди! (ВИДЕО)
По офанзивното прво полувреме и многуте шанси не најдоа пат до мрежата на домаќините и најблиската шанса за гол остана досудениот пенал, во 13. минута. Сепак, Лаутаро Мартинез не успеа да го реализира, па на пауза остана почетниот резултат.
Спција имаше само два удари кон голот на Хандановиќ цел натпревар, а првиот го донесе водството од 1-0, по 10 минути игра. Стрелец беше Даниеле Малдини, синот на Паоло, кој е икона на клупскиот ривал на Интер, Милан.
👏 A Maldini scores against Inter for the first time since 20 November 1994 ❤️️🖤https://t.co/sgLAfb36tA
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) March 10, 2023
Примениот гол дополнително ги разжести нападите на Интер, кој направи целосна опсада во продолжението од мечот. Тоа доведе до изедначување преку Луаку, но дури во 83. минута. Сепак, наместо целосен пресврт, дојде изненадувачки развој на настаните. Специја доби пенал во 87. минута, кој го реализира Нзола.
На последните пет меча пред своја публика, Специја немаше постигнато гол, а на домашна победа во Серија А чекаше од 17 септември, без една недела, точно шест месеци. Со овие три бода дојде до 24, шест повеќе од последните три екипи, кои се во зоната за испаѓање. Интер, пак, остана на 50 бода, но сега е на удар на Лацио, Рома и на Милан кои може да го стигнат со одигрување на своите мечеви ова коло, бидејќи имаат 48, 47 и 47 бода, соодветно.
LUKAKU TO THE RESCUE???
— Football Report (@FootballReprt) March 10, 2023
DENZEL DUMFRIES WINS THE PENALTY AND LUKAKU PUTS IT AWAY!!!pic.twitter.com/eJGTXCV8Gv