
Спалети стана почесен граѓанин на Неапол!
Под водство на Спалети, Наполи ја освои шампионската титула во Серија А со клупски рекорд од 90 освоени бодови. Имаа дури 16 повеќе од вториот Лацио.
Тоа беше прво Скудетото за Наполитанците по повеќе од 30 години, кога беше ерата на Диего Марадона.
Поради големиот успех со кој му донесе огромна радост на градот, Спалети денеска на свечена церемонија стана почесен жител на Неапол.