Солшер: Приоритет на Манчестер Ј. во јануари е напаѓач

Манчестер јунајтед летово ги продаде Ромелу Лукаку и Алексис Санчез и не доведе ниту едно засилување во нападот. По повредите на Ентони Марсијал и Маркус Рашфорд, менаџерот Оле Гунар Солшер речиси и да нема никакви опции во нападот. 

Норвежанецот летово се фокусираше на засилување на дефанзивата па беа ангажирани скапи играчи како Арон Ван-Бисака и Хери Мекваер. Сепак, менаџерот на Манчестер јунајтед вели дека приоритет на клубот во јануарскиот преоден рок ќе биде доведување на голгетер.

„Со продавањето на Санчез и Лукаку, не мора да сте научник да увидите дека следното наше купување ќе биде во нападот. Бараме креативност и голови. Нема поента да носиме играчи за кои не сме 100 отсто сигурно дека ќе останат тука долго време и ќе остават впечаток. Тоа е еден долгорочен план, кој мораме да го презентираме. Не смееме да мислиме дека моментално ни треба добар голгетер, поради мојата репутација. Не, се работи за клубот и неговата иднина. Летово имаше некои голгетери кои беа слободни, но не беа тие што ние ги сакавме. Не можевме да го доведеме оној што ние го сакавме“, изјави Солшер.